Гаетје во првата рунда го нокаутира Барбоза (ВИДЕО)

Џастин Гаетје (20-2, 3-2 УФЦ) го нокаутира Едсон Барбоза (20-7, 14-7 УФЦ) во главната борба на УФЦ во Филаделфија.

Поранешниот шампион на ВСОФ во лесна категорија го заврши Бразилецот во средината на првата рунда.

И за овој настап е награден со бонус од 50.000 долари за борба на вечерта, што му е шести бонус во пет настапи за УФЦ.

Бонус за изведба на вечерта доби Швеѓанецот Џек Хермансон (19-4, 6-2 УФЦ) кој со гилотина во втората рунда го совлада поранешниот шампион на ВСОФ Дејвид Бренч (22-6, 4-5 УФЦ) и Пол Крег со триаголник давење во третата рунда го порази дебитантот Кенеди Ничукву (6-1, 0-1 УФЦ).

Џош Еммет (14-2, 5-2 УФЦ) 46 секунди пред крајот на мечот го нокаутира Мајкл Џонсон (19-14, 11-10 УФЦ).

https://www.youtube.com/watch?v=F3nkYVTGTrQ

https://www.youtube.com/watch?v=wyx5ez6PT6g

https://www.youtube.com/watch?v=lwUzsIEuD6Q

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО