Битолскиот и македонски мајстор на боречките вештини наредниот месец слави посебен јубилеј – 40 години работа како тренер по џудо, аикидо и реален аикидо.
Ценатрот за боречки ветштини (будо) „Пелистер“ кој е основан 1990 година, составен од ЏК Пелистер основан 1969 година и АК Пелистер (1987), од септември ќе се преименува и ќе делува како Академија, при што во себе ќе ги инкорпорира бразилското џиу џицу, џиу џица и таи чи чуан.
„По овој повод ќе промовирам три ДВД-а, две од реално аикидо и едно од џудо, кое, всушност, е римејк на видео касетата „Џудо спорт, самоодбрана, рекреација“, издадена 1989 година по повод 20 години од постоењето на ЏК Пелистер, а е снимана во Претор. Покрај тоа предвидена е промоција на книга за џудо, во која се содржат техниките и практиките за полгање на појаси, поткрепена со околу 300 фотографии. Се објаснуваат техниките за полагање од почетнички појас па до масјторски 5-ти дан“, истакнува Илиќ.
Во ноември ќе се организира меѓународен турнир во сите дисциплини што ги опфаќа Академијата, како џудо, аикидо, релано аикидо. Ќе се следат сите програмски активности.
„На крајот на септември треба да патуваме на семинар во Турција за реално аикидо, кој ќе го водам јас. Инаку, првиот семинар таму го одржав 2000-тата година“, потенцираше Илиќ.
Сепак, кака главна цел пред себе си го поствува омосавувањето на спортот, затоа што традиција и знаење се има.
„Членството не е адекватно на кадарот што го имаме“, констатира мајсторот по боречки вештини Ѓуро Илиќ, кој посочува дека првиот клуб за реално аикидо во Скопје, Маруи, е формиран со кадар произлезен од Ценатарот за боречки вештини „Пелистер“.
ipon.mk/В.Д.