Крис Вајдман ќе се сретне со Лук Рокхолд на УФЦ 194

Vajdman

Од спортскиот канал ЕСПН објавија дека шампионот во средна категорија на УФЦ, Крис Вајдман, ќе ја брани титулата против Лук Рокхолд на УФЦ 194. Веста е потврдена и од самата организација.

Борбата ќе биде подглавен настан пред мечот меѓу Конор Мек Грегор и Хозе Алдо кои ќе се борат за титулата во перо категорија. УФЦ 194 ќе се одржи на 12 декември во Лас Вегас.

Не чека голем настан, под услов да нема повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО