Грег Харди го откажа настапот на УФЦ 270 поради повреда на прстот (ФОТО)

Грег Харди го повреди прстот и го откажа мечот на УФЦ 270. Американскиот ММА борец следниот викенд требаше да се бори против Молдавецот Сергеј Спивак кој скокна како замена за Алексеј Олејник.

Поранешниот играч на НФЛ на Инстаграм објави фотографија од повредениот прст со голема исеченица.

Харди објави дека се враќа во акција за неколку недели. УФЦ се надева дека ќе организира пресметка меѓу Харди и Спивак на друг датум.

Настанот, кој ќе се одржи следниот викенд во Анахајм, го предводи мечот за шампион на УФЦ во тешка категорија меѓу Френсис Нгану и Сирил Гане, а во борбата за титулата Брендон Морено го брани појасот во мува категорија против Деивсон Фигуередо.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON