Судија се пресмета со гледач кој влета во кафезот вмешувајќи се во борба меѓу маж и жена (ВИДЕО)

Глчедачите беа сведоци на вистински хаос, но и „чест“ и можност да ја проследат последната гала вечер на компанијата „Епик фајт чемпионшип“.

Рускиот синџир, кој е познат по тоа што промовира и организира ММА борби меѓу луѓе кои во реалноста се далеку од боречки вештини, спротивстави една жена и маж во ММА.

Предметниот меч беше отворње на вечерта, а во аголот беа 26-годишниот блогерка Саша Мамаха и 50-годишниот порно актер Александар Пистолетов.

А како што налага традицијата во Русија, чудното со текот на времето станало уште почудно. Натпреварот траеше најмногу три рунди по две минути, а моментот на вечерта се случи во вториот дел.

Маж од штабот на Мамаха упаднал во кафезот и го нападнал Пистолетов, соборувајќи го на земја. Сепак, тоа се сметаше за нормално и откако дотичниот напаѓач се врати на своето место, средбата продолжи.

Во третиот дел, порно актерот и блогерката биле на земја, бидејќи Пистолетов успеал да ја заклучи левата рака на својот ривал, за повторно да биде нападнат од истиот човек.

Само погледнете го циркусот!

По интервенција на обезбедувањето напаѓачот е отстранет, средбата продолжи повторно од истата позиција и по неколку секунди блогерот се предал. Но, тука не беше крајот на чудното шоу, најблаго кажано.

Таборот на Мамаха поднесе протест и се одржа четврта рунда, а откако истече, судиите победата и ја доделија победата на Мамаха.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО