Грбев/Муаремовски/Нуришов: Чест е да се биде во Регионалниот тим, очекуваме победа!

209

Тренерот Ристе Грбев кој ќе биде во тимот на селекторот Алмедин Фетаховиќ и боксерите Алмир Нуришов (-56 кг) и Денис Муаремовски (-60 кг) се македонските претставници во Регионалниот тим за мечот против Италија на 18 ноември во Подгорица, Црна Гора.

„Ова е голема лест да се учествува на ваков меч! За мене, лично, претставува едно големо искуство да се воде екипа составена од најдобрите боксери на Балканот“, вели тренерот на нашиот член во Регионалната боксерска лига (РБЛ) Пинк Пантер, Ристе Грбев кој е повикан да му асистира на селекторот Фетаховиќ.

Грбев истакнува дека екипата на Италија е боксерска велесила во боксот, од каде што се излезени голем број на шампиони.

„Нашите боксери се добро подготвени и се со доста добро искуство на меѓународни мечеви. Мислам дека ќе победиме на овој двомеч“, нагласува Грбев во одонос на исходот н амечот, но жали што нема да настапи нашиот најдобар боксер Гоце Јанески поради повреда на раката.

Репрезентативецот Денис Муаремовски кој на секој меч дава се од себе и борбите ги прави атрактивни е почестен од поканата да настапува за Регионалниот тим.

„За мене е чест да бидам во Регионалниот тим. За противникот не знам ништо, но ќе се запознаеме во рингот. Очекувам добра борба и секако победа“, категоричен е Денис Муаремовски.

Исто така и Алимир Нуришов ветува добра борба и оди на победа. И Нуришов и Муаремовски настапуваат за Пинк Пантер во РБЛ.

Мечот меѓу Регионалниот тим и Италија е на 18 ноември со почеток во 21 часот со директен пренос на ТВ Арена 2.

Како специјални гости на овој меч ќе се појават легендите на југословенскиот бокс Аце Русевски, Миодраг Перуновиќ, Мирко Пузовиќ, Фазлија Шакировиќ, Миливое Лабудовиќ, Дамир Шкаро, Драган Вујковиќ и Азис Салиху од кои четворица во 1978 година на Светското аматерско првенство во Белград се закитија со медали, а Југославија го постина најголемиот успех освои седум одличја, шест сребрени и еден бронзен.

Селекторот Алмедин Фетаховиќ се одлучи за следните боксери:
– 56 кг – Душан Јањиќ
– 56 кг – Алмир Нуришов
– 60 кг – Никола Букилица
– 60 кг – Денис Муаремовски
– 64 кг – Дамјан Грмуша
– 69 кг – Адем Фетаховиќ
– 75 кг – Алекса Марковиќ
– 75 кг – Петар Марчиќ
– 81 кг – Дамир Плантиќ
– 91 кг – Лука Пратлјачиќ
+91 кг – Милутин Станковиќ
+91 кг – Иван Ерслан
+91 кг – Бранимир Ловрен.

Состав на  Италија:
-56 кг Халит Ерилмаз
-56 кг Матија ди Бијанки
-60 кг Франческо Маиета
-60 кг Рикардо Кимино
-64 кг Донато Косенца
-69 кг Винченцо Арекија
-75 кг Рафаеле Муно
-75 кг Ѓовани Сарчиото
-81 кг Рикардо Валентино
-91 кг Микелангело Луси
+91 кг Гвидо Вијанело
+91 кг Мирко Карботти
+91 кг Мохидине Азиз Абес

Тренери: Рикардо Д’Андреа, Ѓузепе Фоглија, Доменико Филипелла

Ipon.mk/В.Д.