Стипе Миочиќ овие денови се сретна со градоначалникот на Кливленд, Франк Г. Џексон, кој во таа пригода му врачи признание за освоениот појас на УФЦ во тешка категорија и кој го донесе во својот град.
Првиот човек на градот, кој од 1964 година го следеше проклетство на неосвејување титули, му ја врачи признание на Стипе во името на целиот Кливленд. По тој повод се потсети на патот на Миочиќ до титулата, му се заблагодари за неговото служење на градот во улога на пожарникар и болничар и ги повика сите граѓани да ја искажат својата гордост и поддршка за новокрунисаниот владетел во тешка категорија на УФЦ.