Трикратниот светски шампионски во кик бокс, Димитар Ѓорѓиев, му врачи плакета за јавна благодарност на градоначалникот Емил Дончев и Општина Виница за повеќекратната финансиска поддршка за учество на неколку балкански и светски првенства.
Градоначалникот Дончев денес организираше прием за Ѓоргиев и во рамките на истиот беа разменети мислења околу актуелните успеси на Димитар, како и неговите идни планови.
Инаку, Димитар на 20-то Светско првенство во Белград во дисциплината кик лајт во категоријата до 74 килограми ја освои третата светска титула. Тој во финалето го победи претставникот на Бугарија, Радослав Славчев со 3-0. Претходно Ѓоргиев триумфираше на Светските првенства во Скопје и Анталија во 2011 и во 2013година.
Ipon.mk/В.Д.