Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје, во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и спортски екипи, традиционално ги доделува годишните награди за најдобри спортисти. Признанијата Спортист на годината на најдобрите за 2022 година, ги врачија градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и Зоран Стојановиќ, претседател на Сојузот на спортови на Скопје.
Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени) се:
Дејан Георгиевски од Таеквондо клуб Бутел Бобан Илиоски од Кик Бокс клуб Шампион
Филип Додевски од Таеквондо клуб Бутел
Петар Спасеновски од Карате клуб Макпетрол
Викторија Варадинова од Кик бокс клуб Шампион
Мери Акиевска од Фитнес и аеробик клуб Магнус
Дарио Ивановски од Маратон клуб Делта
Вероника Костовска од Карате клуб Олимпик 2007
Адријана Поп Арсова од Маратон клуб Делта
Ангела Мојсовска од Карате клуб Макпетрол
Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени) се
Стефан Стојановиќ од Карате клуб Макпетрол
Омер Мемеди од Боречки клуб Лирија 2010
Нелсон Узеир од Кик бокс клуб Шампион
Витомир Трајковски од Карате клуб Макпетрол
Калин Ивановски од Тениски клуб Југ
Бесир Алили од Боречки клуб Лирија 2010
Марија Петровска од Карате клуб Макпетрол
Дарко Георгиевски од Таеквондо клуб Бутел
Магдалена Станковска од Триатлон клуб Триоги ресјинг
Александра Симева од Тениски клуб МТП
За најуспешна спортска екипа од Скопје е прогласен Карате клуб Макпетрол, за најуспешен тренер Дејан Митровски од Кик бокс клуб Шампион, најуспешен спортист – странец кој настапува за екипа од Скопје Сандеј Адетунџи од Фудбалски клуб Шкупи АД Скопје.
За најуспешен спортист во категоријата на лица со инвалидност е прогласен Андреј Стојановски од „Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела Вода“ за исклучителните резултати и постигнато три пати 4то место во пливање на Летните олимписки игри.