Моментално еден од нашите најдобри боксери, Гоце Јанески од БК Аперкат, во сабота ќе се ги одмери силите со првакот на Косово, Валдрин Елезаи, на силниот меѓународен турнир на БК Шкендија во Тетово.
Тие ќе се борат во категоријата до 75 килограми, а Елезаи важи за многу силен противник, кој три пати по ред е првак на Косово.
Јанески на неодмана одржаниот турнир „Меч на шампионите“во Скопје го совлада одличниот Осман Демиров од БК Баргала и беше прогласен за најдобар боксер.
На турнирот ќе настапат боксери од Македонија, Албанија, Германија и Косово.
ipon.mk/В.Д.