Гоце Јанески во категоријата до 69 килограми вечерва на Меѓународниот турнир „Странџа 2019“ во Софија – Бугарија, ќе боксира со Гурули Лаша од Грузија, европски шампион за 2018 година, додека Јасин Лама (-60 кг) во првото коло е слободен и по два дена (16 февруари) го чека победникот од мечот меѓу Сархан Алијев од Азербејџанан и Анкуш Дааија од Индија.
Во категоријата на Гоце има 25 боксери, кај Јасин 17.
На јубилијениот 70 – ти турнир настапуваат 350 боксери во машка и женска конкуренција од 42 земји.
Ipon.mk