Далибор Анастасов за „словенечката“ пресметка со Вито Шпиц: Предност ми е искуството, но и тоа што сум Македонец роден во Спанчево – Кочани!

Македоснкиот борец кој живее во Словенија, Далибор Анастасов, на 17 февруари во легендарната сала „Тиволи“ во Љубљана се бори со Словенецот Вито Шпиц на ММА настанот ВФЦ 23. Анастасов по потекло е од Спанчево кај Кочани. Иако не е присутен во медиумите, има многу поддржувачи во Македонија, но и во Словенија.

За Далибор Анастасов ќе дознаете многу повеќе во ексклузивното интервју за Ipon.mk.

На 17 февруари во Љубљана на ВФЦ 23 се бориш против Вито Шпиц од Словенија. Што очекуваш во овој меч?

-Очекувам добра борба во која и јас и мојот противник ќе влеземе подготвени и да одговориме на предизвикот без разлика на се.

Медиумите во Словенија овој дуел го најавуваат како словенчки дуел. Која е твојата предност во однос на 18-години помладиот противник од Марибор, поранешен фудбалер?

-Мојата предност е во искуството што го имам, но и тоа што сум Македонец роден во Спанчево кај Кочани. Тоа значи дека сум јак спанчевец.

За пошироката македонска јавност не си доволно познат, иако имас скор 8-2 во ММА. Како поцнавте да се занимавате со ММА?

-Мојот прв спорт беше рекреативно стрелање со пиштол и пушка, бидејќи останатите спортови не ме привлекуваа многу. Кога започна вале тудо сцената во Словенија, ме привлече тоа што во вале тудо нема никакви правила и штоцелото тело може да се употреби како оружје, знаејќи дека ќе бидам доста добар во тоа. Кога прв пат отидов на вале тудо тренинг забележав дека секој од момците имаше совладано некоја дисциплина (бокс, мај тај, борење, џиу-џицу, џудо, итн.).  Тогаш сфатив дека треба да гис овладам сите вештини, бидејќи се подеднакво потребни во борба.

Дали претходно се бавевте со некој друг спорт?

-Рекреативно стрелање со пушка. Заедно со брат ми учествувавме во тоа. Тој беше тип кој се натпреварува и затоа имаше повеќе медали.

 

Со оглед на годините (38 г.) какви се твоите амбиции во овој се популарен спорт?

-Немам посебни амбиции да градам кариера во овој спорт. Како и што ќе биде понатаму останува да видиме. Мојата цел е како тренер и промотор во овој спорт да се изградам на светска ММА сцена, почнувајќи од регионално ниво па до светско.

Каков статус уживаш во Словенија?

-Во Словенија имам големо почитување и познатства. Не се појавувам често во јавноста ,ниту па коментирам по социјалните мрежи. Кога го кажам мојот збор, сите веруваат дека изреченото ќе биде исполнето.

Кој ви е најголемиот успех?

-Мојот најголем успех е првата борба на првото ММА натпреварување во Словенија, на двомечот меѓу Словенија и Хрватска. Од 10 борби, јас бев единствениот кој победи за Словенија. Потоа, на моето второ натпреварување гости беа Кро Кап и Фабрици Вердум , на кое, исто така, славеа и други словенечки борци, со што се започна заживеа словенечката ММА сцена.

Имате навивачи и во Македонија. Што ќе и порачате на нив?

-На моите следбеници и порачувам да ги поддржуваат своите борци и спортисти во Македонија, но и оние кои се надвор од неа, затоа што и тие се борат за Македонија под друго знаме.

Се дружиш ли со македонски борци, тренери, односно имаш ли тренирано со нив некаде во Македонија? Што знаеш за македонската сцена?

-Во 2013 година 6 месеци бев во Македонија  и за тоа време запознав голем број на борци и тренери во различни градови ширум Македонија. Првата станица беше во Радовиш, БК Бучим, каде што претсојував кај Славчо Тодоров и со него заедно  трениравме во клубот со сите борачи. Многу сум благодарен за гостопримството што ми го пружија. Потоа заминав за Штип кај тетка ми, каде што вежбав во Балканец. Патот ме однесе во Скопје, а таму се сретнав со Андреј Ѓрогиев, кого го запознав на едно натпреварување во Хрватска. Заедно бевме во соблекувалната, па така го запозна целиот македонски тим. Андреј ме запозна со неговите тренинг-партнери Ивица и Африм. Почувстував дека го пронајдов вистинското место за тренирање и спрариање. И, затоа сум им многу благодарен. Во Скопје, Андреј ме однесе кај Жаре, со кого научив голем број на техники за кои не сум знаел претходно. Со Жаре вежбав што е можно повеќе, затоа што се ретки луѓето во светот како него. Во Велес вежав кај Раде Стефановски, кого го запознав со Андреј. Заедно отидовме за Словенија на кик бокс семинарот мечот на Мајк Пасаниер и Бадр Хари. На семинарот се сретнавме со натпреварувачи од Бучим кои беа на натпреварување во Германија. Сите заедно трениравме во клубот Макото во период од 2 дена. Беше неверојатно искуството и за нас, но и за  Словенците кои беа присутни таму. На посебно место за вежбање е касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје. Прво морав да извадам пасош, за да можам да влезам таму и да тренирам со дечките. Гоце и Гоце ме запознаа со момците од касарната и така најдов уште едно многу јако место за усовршување на мојот стил на борба.

Каде тренираш во Љубљана? Кој ти беа и ти се тренери?

-Тренирам во клубот Кинг Конг. Мои први тренери ми беа Симон и Матјаж, кои воедно беа и први ММА тренери воСловенија. Потоа, Хари Мурат од клубот Макото донесе тројца џиу џицу тренери од Бразил кои живееја во клубот два месеца, додека бокс трениравме со тренери од Тајланд и Русија. Таму се стекнав со најголемото познавање на различни стилови кои ги користам денес. За сето тоа сум благодарен на Макото Хари Мурат.

Од каде потекнувате од Македонија? Кога замина за Словенија, односно твоето е семејство? Со што се занимаваш? Како на сето ова гледа твојата фамилија?

-Татко ми е од Спанчево – Кочани, а мајка ми од Црнилиште кај Свети Николе. ЗаСловенија заминавме во 1985 гоидна, на моја 4-годишна возраст. Инаку се занимавам со тренерство, градежништво и по некој сопствен бизнис. На почетокот татко ми велеше: „Сине што ти треба тоа, нон-стоп тренираш, мачење, повреди, патувања, тросење пари“. Сега велат: „Браво синко, само напред“.

Има ли и други Македонци што се занимаваат со овој спорт во Словенија и колку се успешни тие? 

-Има по цела Словенија. Некои од нив се успешни, но, се на се, нема многу натпреварувања во Словенија. Во нашиот клуб има многу Македонци. И восекој друг клуб ќе најдеш по некој Македонец.

Ги следиш ли успесите на Ален Амедовски кој неодамна потпиша за УФЦ, а е со скор 8-0, 8 КО во Белатор, Александар Волкановски, Нина Ансароф?

-Да, ги следам, бидејќи се појавуваат во светските медиуми. Мислам дека ќе постигнат големи успеси поради што други млади борци ќе го следат нивниот пат ќ им биде полесно. Секоја чест наив и нивните тренери.

Кој е твојот идол/омилен борец?

-Во вале тудо идол ми е Вондерлеј Силва, чии видеа сум ги гледал по 100 пати. Бев сигурен дека и јас можам исто како него. Благодарен сум му, затоа што јас сум негов производ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО