Гоце Јанески победи во финалето на „Златниот гонг“ (ФОТО)

goce-pobednik-na-zlaten-gong-2016

Гоце Јанески (-75 кг) во финалето на „Златниот гонг“ го совлада Аремнед Незирај од Косово со едногласна одлука на судиите 3-0.

goce-borba-zlaten-gong-2016

Јанески сигурно ја водеше борбата во сите три рунди, посебно до израз дојде неговата тактика во втората рунда кога зададе повеќе прецизни удари, а два аперката и еден директ беа многу јаки и ја разнишаа довербата на Незирај.

Во третата рунда Јанески тактичи се бореше и задаваше контра- удари.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО