Освојувачот на „Златниот гонг“ Гоце Јанески од БК Аперкат и Никола Арсов од БК Пинк Пантер ќе настапат на силниот Меѓународен турнир „Златна ракавица“ во Врњачка Бања во Србија.
На 59-тата „Златна ракавица“ од 24 до 27 ноември ќе настапат околу 50 боксери од осум држави Белгија, Романија, Шкотска, Црна Гора, Кипар, Словенија, Србија и Македонија.
Јанески ќе настапи во категоријата до 75 килограми, а Арсов до 60.
Од таборот на освојувачот на Златниот гонг велат дека Јанески е подготвен и дека ќе јуриша на победи и на освојување на трофејот.
Ipon.mk/В.Д.