Гоце Јанески ќе го носи знамето на Европските игри во Минск, Павлов оди на втор медал

Во периодот од 21 јуни до 30 јуни 2019 година во Минск, Белорусија ќе се одржат вторите Европски Олимписки игри на кои ќе настапат 50 европски држави, со околу 4000 спортисти во 15 спортови.

Македонија ќе ја претставуваат 12 спортисти од кои деветмина се од боречките спортови,каде што реалноможе да се надеваме и на медал.

Да потсетиме дека на првите игри во Баку, Азербејџан, Емил Павлов и Мратин Несторовски во карате освоија бронзени медали.

 Во Минск ќе настапат:

1. Емил Павлов – карате 
2. Магомедгаџи Нуров – борење (слободен стил) 
3. Владимир Егоров – борење (слободен стил)
4. Фати Вејсели – борење (слободен стил)
– – – – – 
5. Арбреша Реџепи – џудо
6. Владимир Малески – кајак
7. Борјан Бранковски – спортско стрелаштво
8. Андреј Петровски – велосипедизам (улична трка, хронометар)
9. Далибор Богданов – самбо
10. Етеми Арсим – бокс 
11. Јасин Љама – бокс 
12. Гоце Јанески – бокс

Знамето на нашата држава на церемонијата на отворање на Европските игри ќе го носи Гоце Јанески (Бокс).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО