Гоце Јанески и Пелистер се најдобрите на Државното првенство во бокс

goce-i-mice

Гоце Јанески од БК Аперкат покажа дека во моментов е најдобриот боксер во државава, тој е прогласен за најдобар боксер на Државното првенство за кадети, јуниори и сениори заврши во Битола пред очите на петилјадната публика.

bk-pelister

Финалините борби што започнаа во 17 часот го задржаа вниманието на љубителите на боксот пет ипол часа во Спортската сала „Младост“. Вкупно имаше 16 финалиња. Јаневски покажа бокс, кој го освои жирито во кое учествуваа прославени боксерски имиња и боксерски работници.

dimsa-i-tose

Најдобра екипа на шампионатот е БК Пелистер 2007, екипа која доби три државни шампиони, а имаше уште двајца боксери кои беа многу блиску до титилата. Посебно се истакна Александар Димовски, кој со класичен нокаут во категоријата над 91 килограм го совлада Тоше Цветков од БК Магнум, а и двајцата се занимаваат со кик бокс и тоа доста успешно. Уште еден кикбоксер покажа дека имам квалитети и во боксот,репрезентативецот Хадис Рамадани.

hadis-ramadani-boks-sampion-2016

Најдобар техничар на шампионатот е Никола Бубевски од БК Пелистер 2007, а најдобар тренер Мирко Ристевски од БК Аперкат. Најмлад шампион е челнот на БК Шкупи, Хурмет Јонузи, а најдобар судија штипјанецот Христијан Денков.

humret-junizi-bitola-dp-2016

Државни прваци:

Кадети

70 кг Хурмет Јонузи (Шкупи)

80 кг Стефан Дуковски (Нокаут СЦБТ)

Јуниори

64 кг Никола Арсов (Фајтер-Илери)

69 кг Хадис Рамадани (Магнус)

75 кг Никола Бубевски (Пелистер 2007)

91 кг Давуд Решиќ (Универзалци)

Сениори

60 кг Јове Петровски (Пелистер 2007)

69 кг Никола Арсов (Пинк Пантер тим)

75 кг Гоце Јаневски (Аперкат)

81 кг Андреј Митров (Магнус)

91 кг Илчо Јоноски (Пинк Пантер тим)

+91 кг Александар Димовски (Пелистер 2007)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON