Гоце Јанески е најдобар борбен боксер на „Боксинг деј“!

Aperkat i Pink Panter vo Leskovac

Гоце Јанески од БК Аперкат е најдобар борбен боксер на Меѓународниот турнир „Боксинг деј“ во Лесковац, Србија.

Во категоријата до 75 клиграми Јанески се сртена со домашниот боксер Саша Радојевиќ и го совлада со 3-0, кој е репрезентативец на Србија. Според тренерот Оливер Станков, Јанески доминирал во сите три рунди.

Goce Janeski vo Leskovac

 Исто така и Александар Геогиевски славеше со 3-0 против Предраг Стоилковиќ, со  прекин во првата рунда. Одлична борба прикажал и Никола Арсов од Пинк Пантер во велтер категорија, но судиите му ја одзеле победата, пресудувајќи во корист на домашниот боксер.

Вкупно, босерите на Аперкат и Пинк Пантер освоија пет медали, два златни медали и три сребрени.

Боксерите на БК Аперкат од Скопје и БК Пинк Пантер од Штип учествуваа со повеќе боксери во различни возрасни категории на турнирот во Лесковац, на кого се одржаа вкупно 22 борби.

Во категорија за деца од Петар Арсовски – Аперкат се сретна со Алек Андреевиќ од БК Арена 1-1; јуниори до 91кг Дарио Тренчев – Аперкат – Марко Додиќ Југобоксинг 1-2; сениори –  64 кг Ибраим Османов – Пинк пантер – Зијадин Садиковиќ 0-2, Мухамед Кадриев – Пинк Пантер – Петар Стошиќ 0-2, -69 кг Александар Петров – Аперкат – Милан Симиќ  0-2 .

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON