Гоце Јанески добро избоксира против европскиот шампион Гурули Лаша (ФОТО/ВИДЕО)

Гоце Јанески (-69 кг) во борбата со европскиот шампион Гурули Лаша од Грузија загуби на поени на Меѓународниот турнир „Странџа 2019“ во Софија – Бугарија.

Сепак, нашиот репрезентативец се претстави во добро издание и до  крај се бореше и напаѓаше. Во првата рунда се најде во нокдаун поради едно невимание по напад, што искусниот Лаша го  искористи тоа и со контраудар го затресе нашиот боксер. По ова Јанески цело време беше активен и напаѓаше,но немаше среќа некој од неговите силни удари да ја погодат целта.

Се гледаше дека Лаша е искусен боксер, но имаше и предност во подолгите раце и висината, па така го држеше Гоце на дистанца. Сепак, победата заслужено му припадна на европскиот шампион од 2018 година.

Добриот настап на Јанески само може да не храбри, бидејќи за него ова е големо искуство на големата боксерска сцена, но и прв настап по повредата на меѓународната сцена.

Вториот наш репрезентативец Јасин Лама (-60 кг) во првото коло е слободен, а во сабота (16 февруари) го чека победникот од мечот меѓу Сархан Алијев од Азербејџанан и Анкуш Дааија од Индија.

На јубилијениот 70 – ти турнир настапуваат 350 боксери во машка и женска конкуренција од 42 земји.

Борбата на Јанески е на -1:06:00.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON