Вчера нашите боксери Гоце Јанески и Јасин Мифтар имаа огнено крштевање во Првата српска лига за екипата на БК Крагуевац со БК Лазаревац.
Гоце и Јасин имаа половичен успех. Гоце загуби, а Јасин ја доби борбата, но противнкот не се појави во рингот.
Сепак, ова е привикнување на лигашко натпреварување кое го нема кај нас и што е голем хендикеп за нашите боксери. Но, искуството е драгоцено за нивната кариера. И двајцата босксери на Аперкат се вратени во Скопје и ќе се подготвуваат за турнирот „Меч на шампионите“ на 15 октомври во Скопје.
Ipon.mk/В.Д.