Сефер Сефери (23-3-1, 21 КО) во Кемптон Парк, Јужна Африка, се бореше за светската титула на ИБО во леснотешка категорија.
40-годишниот Сефери беше поразен со прекин во третата рунда од Кевин Лерена (24-1, 11 КО), откако доби удар со левицата во телото и во главата.
На 27-годишниот Јужноафриканец ова му беше пета одбрана на појасот кој го освои против Јори Келнџе во 2017 година. Единствениот пораз во кариерата го претрпе кон крајот на 2014 година од Џони Милер. Во реваншот една ипол година подоцна, тој го победи Милер со технички нокаут.
Сефери во јуни минатата година минатата година се подигна во тешка категорија и беше противник на Тајсон Фјури во неговиот повратен меч. Ја предаде борбата по четвртата рунда. По таа борба се врати во леснотешка категорија и во ноември ремизираше со Фират Арслан. Единствениот преостанат пораз го доживеа од Мануел Чар.