Горјан Славески: Ќе успеам во САД за сиромашните пораснати со леб и ајвар! (ВИДЕО)

 Gogo nokautira

Горјан Славески – Гого од Скопје, Ѓорче Петров, е македонски боксер кој е решен својот сон да го оствари во САД, на што го натерале македонските лоши состојби во овој спорт, но игнорантсвото и неверувањето во неговите можности.

Со бокс почнав да се занимавам на 15 години, со мојот ментор, тренер и другар, Живорад Стојановски. Почетоците ни беа на улица, школски дворови, Спортскиот центар „Сарај“, а зимно време трениравме по подруми со влага. По неколку месеци тренинг отидов кај тренерот Миле Смилевски, кого го молев да се натпреварувам. Немам ниту една борба во својата држава. За жал, поради констацијата на Миле дека сум пиел протеини, дека се уште сум мал и не сум подготвен, – раскажува Славевски за горчливото искуство на почетокот од кариерата.

За да не тапка во место почнал да се натпреварува во кик бокс, само да стекне некое искуство. Иако не знаел да удира со нога, има една победа и една изгубена борба.

Долго време не можев да тренирам, затоа што имам трајно оштетени пршлени (дискус хернија). Докторите ми забранија да тренирам, затоа што може да останам инвалид. Боксерскиот клуб 1060 ( кој сега моментално е ГИМ 1060, во соработка со руска система „Шуманов“) се отвори пред две години на 6 фебруари. Тренери бевме јас и Живорад Стојановски, како и Роберт Варга, кој има освоено трето место во кик бокс во светот. Трчав по Централни регистри, само за да може да функционира клубот, како и сите други, за жал, ние сме луѓе кои немаат партиски книшки, па клубот остана на своја мака, – истакнува Славески.Gogo Slaveski

Како отишол за САД и што го натерало на тој чекор, популарниот Гого вели: Дојдов во САД поради тоа што бевме исмевани во како боксираме и дека немаме ниту еден успех, а се прокламираме како тренери. Јас имав 18 години и тешко беше да се докажам.

Моментално имам две профи борби и две победи, што се одржаа во САД. Но, се уште не можам да се натпреварувам на големите турнири, заради тоа што немам 21 година (нови американски правила за казината).

За тоа дали го интересира нешто друго или некој друг спорт,Славески е категоричен:Себе се гледам само во боксот, затоа што сметам дека Господ дава секому талент за едно нешто во кое мора да се пронајде. Тренирав осум години фудбал, тенис на кратко, карате, борење, но во тие спортови не се гледам како визионер и уметник“.

За својот стил на борба ќе рече: „За боксерскиот стил ќе кажам дека ја сакам офанзивата на Тајсон а дефанзивата и движењето на Рој Џонс. Моментално се подготвувам за неговата Академија.

Ништо на овој свет не оди така подмачкано, па и градењето кариера во САД. Некому ќе му се причини дека ова е видено од филмовите и се прераскажува како американска прикаска за уверливост, драматичност и будење на сентименталноста кај читателите и публиката.

Во САД, за жал, морам да работам каквабило работа за да преживеам, а воедно и да бидам во форма. Тешко е да се натпреваруваш со исхрана на работник. Професионални мечеви гледам во живо само на ТВ екраните, затоа што се уште не можам да влезам во казино, а ги гледам сите светски борби за титула, – посочува Гого.

Тој не е сигурен дали ќа гледа борбата на Владимир Кличко и Брајант Џенингс на 25 април. Се надева дека Кличко ќе загуби, истото го очекувал и на мечот со Кубрат Пулев, иако шансите биле многу мали. Посебен впечаток кај професионалците му оставил Жан Паскал, кој не успеа да му ја земе титулата на Сергеј Ковалев, но му се допаѓаат неговиот стил и движење.

Скоро бев спаринг партнер на шампионот во средна категорија, Давид Естрада, кој пред неколку дена ја загуби титулата. Спарингував со Голден Гловес 2014 година, шампиони во полесните категории. Тренирам со Фернандо Хернандез, кој ја држеше светската титула НАБА во супервелстер категорија, а му беше преземена во јулио од Цезар Чавез,- вели Славески.

1060 boks

Освен бокс не тренира ништо друго. Пред некој ден бил повикан од Голден гловес скаути, но поради статусот што го има во САД, нема да може да учествува, а истото го очекува и за Олимписките игри.

За Боксерската федерација на Македонија (БФМ) вели дека има само негативно мислење и не сака да има контакт со никој од нив.

Примислав Димовски се прокламираше како човек кој го поддржува клубот, но исчезна, заедно со неговите зборови, како и многу други, за жал. Како што кажав, во моментов се подготвувам за Академијата на Рој Џонс, затоа што целта ми е да го претсавам сиромашниот дел од градот, кој е растен на леб и ајвар, а има амбиции и огромна желба. Во Македонија ниту еден боксер не ми оставил посебен впечаток, затоа што се уште сме заостануваме зад светот со тој југословенски стил на боксирање и тие сваќања за денешната исхрана (од типот протеини, регенератори и стимуланси). Од многу луѓе погрешно сме сфатени. Никогаш нема да бидеме сфатени, освен ако не ги замолчиме со успех. Затоа, не очекувам дека многу луѓе ќе го разберат сето ова. Само оние кои се растени во болка, мизерни услови за тренинг и огромна желба ќе разберат за што зборувам и ќе ме подржат. И, нормално, само за нив ќе го подигнам македонското знаме, – категоричен е Славески во своите намери.

https://youtu.be/oX5lyOhwGbE

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON