Македонската кикбокс мај тај федерација на Европско првенство во Словачка во Братислава од 13 до 21 октомври испрати тројца кикбоксери.
Претседателот и селектор Дејан Митровски – Урко во Словачка смета на Бобан Илиоски (-81 кг, К1), Димитар Ѓоргиев (-86 кг, лоу кик) и Филип Ризов (-57 кг, кик лајт).
Со екипата е и секретарот и тренер на репрезентацијата Драган Атанасовски.
„Поради малите финансиски средства репрезентацијата ја сочинуваат двајца тренери и тројца натпреварувачи“, вели Митровски.