Хабиб го повика непоразениот Мејведер да се пресметаат (ВИДЕО)

 

Хабиб Нурмагомедов е актуелен оваа недела, не само поради лекцијата која му ја одржа на Конор Мек Грегор, туку и поради хаосот кој го предизвика по крајот на борбата.

Се изнаслушавме безброј изјави и различни гледишта, а еден од нив беше и Флојд Мејведер кој му порача на рускиот борец дека тоа што го направи е крајно непрофесионално.

Повеќе од јасно е дека Мејведер и Нурмагомедов се натпреваруваат во две сосема различни техники, но ги врзува тоа што и двајцата немаат ниту еден пораз во професионалните кариери. Поради тоа, Хабиб сега одлучи да го предизвика американскиот боксер, а дали ќе добие одговор за можен спектакл останува само да видиме.

„Ајде Флојд, мора да имаме борба. 50:0 наспроти 27:0, двајца момци кои никогаш немаат изгубено. Ајде да се бориме, зошто да не? Во џунглата има место само за еден крал, само еден крал. Секако дека јас сум кралот бидејќи лесно го кутнав МекГрегор. Ајде да го направиме тоа“, му порачува самоуверениот Хабиб на Мејведер.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО