Uncategorized

Головкин заработи околу 15 милиони долари за мечот со Ролс, како никогаш досега

Поранешниот светски шампион во средна категорија Генади Головкин, кој го победи Стив Ролс  изминатиов викенд, заработи прилично добро богатство за нецели четири рунди.

Според официјалните податоци обезбедени од Комисијата за спорт на Њујорк, боксерот од Казахстан имал хонорар само два милиони долари. Сепак, износот се зголемува на речиси 15 милиони поради различни бонуси. Официјалната такса за неговиот противник изнесува 300.000 долари.

Мечот со Ролс е првиот од договорот на Генади Головкин со стрминг платформата ДАЗН. Двете страни во март постигнаа договор за шест меча.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON