Генади Головкин вчера изгледаше крајно опуштено кога разговараше со новинарите пред прес-конференцијата МГМ Гранд.
И покрај неговото спокојство, казахстанскиот шампион со тешки раце сфаќа дека се соочува со многу тешка задача. Непоразениот досега Гловкин знае дека Канело Алварез ќе му биде најтешкиот тест во неговата 11-годишна професионална боксерска кариера. Нивната средба е во саботата вечер во Т-Мобиле арена.
Откако ќе ги поминат првите рунди во испитување на силите, бранителот на титулите во ИБФ, ИБО, ВБА и ВБЦ во средна категорија, смета дека битката меѓу нив ќе се претвори во брутален масакр.
„Тоа нема да е лесна битка за нас двајцата. Мислам дека почетните рунди ќе бидат изедначени. Знаете како е, ја проучувам неговата стратегија, а тој мојата. Мислам дека втората половина ќе биде многу луда, како улична битка, како грабеж на една банка, нема враќање назад“, рече Головкин.
35-годишниот Головкин (37-0, 33 КО) останува мал фаворит против Алварез (49-1-1, 34 КО), мексиканската суперѕвезда има само еден пораз во својата професионална кариера и тоа од веќе пензионираната непоразена легенда Флојд Мејведер (50 -0, 27 КО).
Иако Головкин очекува жестока битка со Алварез, тој се изнасмеа во средата. На прашањето зошто изгледа толку среќен во момент кога многу други борци би биле напнати пред толку огромна битка, Головкин со брутално искрен одговор.
„Големиот ден доаѓа. Многу пари доаѓаат, нели? Точно е. Најголемата борба доаѓа, вистинска битка. Јас сум боксер. Ми се допаѓа да се борам. Најголемиот мој противник е пред мене. Толку е блиску. Многу сум возбуден. Не знам, можеби ситуацијата е слична како на онаа кога ќе ја запознаете вашата нова девојка, вие сте возбудени: „О да! Ох, да! Знаете како е“, заврши Головкин.
Генадиј Головкин и Канело Алварез се среќаваат на 16 септември во Т-Мобиле арена во Лас Вегас.