Канело: За луѓето кои зборуваа дека нема да дојде до оваа борба, за луѓето кои велеа дека ќе ме нокаутира, одговорот ќе стигне во сабота!

Сол Алварез (49-1-1, 34 КО) го цени она што му го донесе борбата со Мејведер, но смета дека судирот во сабота со Головкин е поважен.

Во единствениот пораз во кариерата во 2013 година, до тогаш 23-годишниот Мексиканец ја оствари најголемата заработувачка – гарантирани 10 милиони долари, се стекна со непроценливо искуство и се етаблира како една од најголемите атракции на плати па гледај.

За дуелот со Казахтанецот Канело ќе заработи нов рекорден износ во својата кариера, а смета дека оваа борба ќе ја дефинира неговата кариера и ќе ги заќути скептиците.

„Борбата со Флојд Мејведер беше многу голема и тоа беше голем настан. Тогаш бев многу млад и ми беше најважна до тој момент. Но денес, кога веќе настапував на други големи настани, се борев и во други големи битки, мислам дека ова е најголемата и не само за мене. Мислам дека ова е најголемата борба во светот на боксот и доаѓа во вистинско време“, рече Канело преку преведувач за време на претставувањето во Лас Вегас.

„Против Мејведер бев премногу млад и тоа се виде. Но добив непроценливо искуство и научив многу од таа борба, така што на неа не гледам како на пораз. Гледам на неа како на искуство. Научив многу од неа“.

Мејведер и Алварез продадоа 2,2 милиони ППГ (PPV) и со тоа собраа околу 150 милиони долари. Тој рекорд го соборија Мејведер и Пакијао, а на второто место се Мејведер и Мек Грегор.

27-годишниот Мексиканец овој викенд планира да ги разувери бројните критичари кои говореа дека го избегнува ГГГ.

„За луѓето кои зборуваа дека нема да дојде до оваа борба, за луѓето кои велеа дека ќе ме нокаутира, одговорот ќе стигне во сабота“.

„Немам што да му порачам на Головкин. Тие знаат каков борец сум јас“.

„Ова е вистинска борба 50-50. Така што ќе ризикувам, но ризикува и тој. Се што морам да направам е да се подготвам за да навивачите и приредам голема борба и да го направам она што секогаш го правам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО