Канело Алварез и Генадиј Головкин продолжија со промоцијата на боксерскиот спектакл што нè очекува на 16 септември во Т-Мобиле арена во Лас Вегас. По прес-конференците и соочувањето во Лондон, на ред беше Њујорк, а од сите изјави кои може да се слушнат на тие две средби со медиумите една особено ги шокираше и вознемири љубителите на боксот.
Имено, непоразениот казахстански борец, кој воедне е еден од најдобрите боксери на дененашницата, изјави дека овој меч може да биде последен во неговата многу успешна професионална кариера која започна во 2006 година.
“Не знам уште колку долго ќе може да боксирам. Можеби оваа следната борба би можела да биде мојата последна, а можеби и не. Се чувствувам добро. Имам 35 години, но се чувствувам како да сум 25. Ова е бокс, а не фудбал. Ова не е игра, ова е борба и секоја од нив е многу тешка“, рече Головкин.
За да ја ублажи силата на претходната порака, ГГГ порача и дека е подготвен за потенцијален реванш, па дури и на трилогија со сјајниот Мексиканец.
„Подготвен сум, со сакам тоа и верувам дека е остварливо“, накратко заклучи ВБА Супер, ВБЦ, ИБФ и ИБО шампионот во средна категорија зад кого се 37 професионални победи (34 КО, TKO) од исто толку настапи во рингот.
Соочувањето во Њујорк погледнете во продолжение.
.