Генади Головкин му се придружи на ривалот Канело во ДАЗН.
Казахстанскиот нокаутер потпиша договор за стриминг сервисот на 3 години и 6 борби.
Првата борба во новиот договор ќе ја направи во јуни, но не се очекува врвен противник, бидејќи се подготвува теренот за третата борба со Канело на 14 септември.
За третиот меч со Мексиканцот би требало да заработи повеќе од 30 милиони долари.
Затоа во мај Канело ќе мора да го победи Даниел Џејкоб, затоа што ако загуби има право на реванш и третата борба со ГГГ ќе мора да почека.
Головкин не се борел од поразот во реваншот со Канело со мнозинска одлука на судиите во септември минатата година.