Головкин по 20-ти пат ја одбрани титулата во средна категорија (ВИДЕО)

Генади Головкин (38-0-1, 34 КО) во Карсон, Калифорнија, по 20-ти пат ја одбрани титулата светски шампион во средна категорија и го изедначи рекордот на Бернард Хопкинс.

Казахстанецот го нокаутира во втората рунда ерменско-американскиот борец Ванес Мартиросјан (36-4-1, 21 КО), кој го замени Сол Алварез. Тоа му е прв пораз во кариерата со прекин.

ГГГ ги бранеше ВБА, ВБЦ и ИБО титулите во овој меч, бидејќи ИБФ одби да ја одобри оваа борба.

Сесилија Браекхус (33-0, 9 КО) заврши на подот во одбрана на титулата светски шампион во велтер категоријја. Поранешната светска шампионка Кали Реис (13-7-1, 4 КО) ја соборуваше Норвежанката во 7-мата рунда. Браекхус успеа да ги преживее тешките моменти и во наредните три минути, па на крајот да победи со едногласна одлука – 97-92, 96-93, 96-93.

https://youtu.be/4tWB0jeGZAU

https://youtu.be/uaO2MQOMl2M

https://youtu.be/FrL7Pd-SZvI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON