Шампионот на ИБФ и ВБА во средна категорија Генади Головкин (42-1) изјави дека сериозно се подготвува за третата борба со неприкосновениот светски шампион во суперсредна категорија Сол „Канело“ Алварез (57-2).
Алварез и Головкин веќе имаа 2 меѓусебни пресметки. Едната беше нерешена, а во втората Алварез победи со одлука. Сега е време за 3-та борба, која Генади ја сфаќа сериозно.
„Сол е лут на Бивол, не на мене, но сака да ме обвини мене. Не ми е гајле што зборува или прави.
Само сакам да ви кажам да не ме потценувате. Годините се само бројка. На битката пристапувам со сета моја сериозност.
Имам наследство и знам дека ќе остави трага во целата историја на боксот. Кога ќе дојде време, ќе разговарам за тоа со моите внуци, ако имам.
Многу Мексиканци ме сакаат, но никој во Казахстан не го сака Канело“, изјави Головкин во интервју за Ернест Амадор.
Третата борба меѓу Алварез и Головкин ќе се одржи на 17 септември. Во прашање ќе бидат неприкосновените титули во супер средна категорија.