Том Лафлор, менаџерот на светскиот шампион во средна категорија на ВБА, ВБЦ, ИБО, Генади Головкин, изјави дека неговиот клиент е подготвен да се бори против шампионот во супер средна категорија на ВБА, Андре Ворд, на изедначени килограми и еднаква распределба на хонорарите .
„За време на преговорите за овој меч Андре ги диктира условите. Головкин е подготвен да се бори со него на избалансирани килограми и поделба на приходите на 50:50“.
Во моментов менаџерот на казахстанскиот борец бара нов ривал за него.