Мек Грегор за дружбата меѓу на Алдо и Мендез: Тоа се глупости на кукавици!

conor-mcgregor-mustak

Борецот во перо категорија пердув на УФЦ, Конор Мек Грегор, воопшто не е пријателски настроен кон противникот Чад Мендез, кој го замени повредениот шампион Хозе Алдо.

 Мендез му напиша на Алдо дека го почитува и дека нема трпение да се сретне со него по трети пат. Алдо му одговори дека исто така го почитува и дека неговите навивачи ќе го поддржат на мечот со Мек Грегор.

 Сепка, за Мек Грегор тоа е слаб потег.

 „Мислам дека Мендез ќе го згазам. Гледам дека ги прави работите на сила. Тој е различен. А потоа видов и комуникација меѓу двајцата. Ја бара поддршката на навивачите. Што е тоа? Тоа се женски работи. Не, тоа е срамно за жените. Не знам што е тоа. Тоа се едни глупости на кукавици, тоа е“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО