Ако Генадиј Головкин викендов гопобеди Ванес Мартиросјан ќе го изедначи рекордот на Бернард Хопкинс по бројот на одбрани на светските титулите во средна категорија.
36-годишниот Казахстанец (37-0-1, 33 КО) со победа по 20-ти пат ќе ја одбрани титулата во категоријата до 72,6 килограми.
Но, добар дел од неговите одбрани се сметаат од деновите додека беше регуларен шампион во ВБА. Федерација во тоа време имаше супер шампиони, но ниту Феликс Штурм ниту Даниел Гејл, на кого поради тоа му е одеземен појасот, нема намера да влезат во рингот со ГГГ, иако Гејл на крајот се бореше со казахстанскиот нокаутер.
Моменталниот „регуларен“ шампион на ВБА во оваа категорија е Рјота Мурата.
Кога се ќе се земе во обѕир, Головкин смета дека неговите резултати се многу подобри од оние што ги имал „Б-Хоп“.
„Се чувствувам како ѕвезда, како вистинска ѕвезда, затоа што ако ги погледнете противниците на Бернард ќе се разберете дека моето резиме е многу подобро. Ова е добра ситуација за мене, мојата кариера и моите обожаватели. Тоа е тоа“.
Критичарите на Головкин со задоволство истакнуваат дека не се борел со најсилната достапна конкуренција за време на неговата кариера. Пред победата со одлука на судиите против Даниел Џејкобс и ремито со Канело, тој имаше 23 последователни победи со прекин.
ГГГ ја освои привремената титула на ВБА со нокаут против Колумбиецот Милтон Нунез во Панама 2010 година.
Хопкинс имаше 20 последователни одбрана на ИБФ титулата, која ја освои против Еквадорецот Сегундо Меркадо во 1995 година. Во текот на неговото владеење ги победуваше поранешните светски првак во велтер категорија Оскар де ла Хоја и Феликс Тринидад. Титулата ја изгуби во пролетта 2005 година од страна на Џермејн Тејлор, кој го победи и во реваншот.
„Ако ги погледнете неговите резултати, ќе видите дека не постои реванш, сите беа нови противници. Големиот Бернард Хопкинс двапати се бореше против Етвун Ечолс и три пати против Роберт Ален. Се надевам ако Генадиј одлучи да остане во средна категорија и ќе го собори тој рекорд. Тоа ќе биде голема работа за историјата на боксот“, изјави тренерот на Казахстанецот, Абел Санчез.