Боксот е еден од најтрофејните спортови во нашата земја, а Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и Азис Салиху се носители на олимписки медали. Пред крајот на мината година се случија промени во Боксерската федерација на Македонија (БФМ), при што се најави реинкранирање на старите времиња.
Од друга страна, кон крајот на мината година политичарите ветија голема поддршка за боксот, за да се врати на победничките патеки и формирање на прва и втора лига во бокс. Преку Агенцијата за млади и спорт, како директна владина помош, БФМ треба да добие поддршка од 700 илјади евра и уште 300 илјади од игрите на среќа.
Се случија неколку убави работи, како Државното првенство во Битола кое го следеа околу 3.000 луѓе, почна Детската бокс лига во самоорганизација на клубовите, Пинк Пантер ги почна натпреварите во Регионалната бокс лига пред полна сала во Штип.
Сепак, се уште нема ни „П“ од почеток на Првата боксерска лига, ниту е направен систем како ќе се одредат екипте за ова натпреварување. Времето неминовно си врви, а втората лига е илузија, бидејќи нема боксери ни за прва лига.
Кабаетот не е само кај институциите, туку и кај БФM, која поради блокираната жиро- сметка побарала да биде исклучена од АСМ и сега треба повторно да биде примена. БФМ е блокирана за 30 илјади евра. Но секогаш имало политички решенија, така што тоа може да се примени и во овој случај, бидејќи Агенцијата е државен орган. Така беа решавани состојбите во многу фирми и во некои државни институции.
Има незадоволство и кај челновите на Управниот одбор на БФМ, како што велат тие првиот човек на Федерацијата не одговарал на нивните телефонски повици. Покрај тоа, Македонскиот олимписки комитет (МОК) кој со городост вели дека боксот е еден од најтрофeјните македонски спортови и заслужува поддршка, како што велат од УО на БФМ, МОК дедлува незаинтерсирано, иaко кај поединци има елан за работа и за издигнување на македонскиот бокс на победничко ниво.
Таленти има, само нема услови, а како и да нема доволно агжман оваа состојба да се помрдне од место. Ветувањата без конкретни дела се големо трескање од земја на штетата на спортистите и на спортот.
Времето не гази, ако не се знае како да се оправат работите, погледнете што работат комшиите и тие до нив!
Ipon.mk/В.Д.