Федор Емелијаненко отиде во пензија со нокаут во првата рунда од Рајан Бејдер на Белатор 290 во Инглвуд, Калифорнија. Вториот меч меѓу нив заврши исто како и првиот, кога Емелијаненко беше нокаутиран за 35 секунди, овојпат 46-годишната руска ММА легенда издржа повеќе.
Шампионот во тешка категорија, Бадер почна моќно од почеток, праќајќи го Емелијаненко на под, и по една минута удари, судијата го прекина мечот.
„Тажно е што немав меч каков што очекував, но пресреќен сум од поддршката која ја добив од сите и легендата со која делев ринг 20 години. Ви благодарам“, изјави Федор по мечот.
Русинот се смета за вистинска легенда на ММА борбите, откако од 2000 до 2010 година загуби само еден меч во „Прајд“, која во тој момент ги имаше најдобрите борци. Тој никогаш не влезе во УФЦ, а кариерата ја заврши со скор 40-1-7.
Heavyweight Champion @RyanBader becomes the first man ever to defeat Fedor twice.
#Bellator290 | & + | LIVE NOW pic.twitter.com/Ui7BUBE0L6
— BellatorMMA (@BellatorMMA) February 5, 2023
Heavyweight Champion @RyanBader becomes the first man ever to defeat Fedor twice.
#Bellator290 | & + | LIVE NOW pic.twitter.com/Ui7BUBE0L6
— BellatorMMA (@BellatorMMA) February 5, 2023
А во конасловната борба Џони Еблен првпат ја одбрани титулата шампион во средна категорија откако минатата година му го одзеде појасот на легендарниот Гегард Мусаси.
Американскиот борец со едногласна одлука на судиите го победи Анатоли Токов.
Резултати од Белатор 290:
Рајан Бадер – Федор Емелијаненко – ТКО (удари), Р1 (2:30)
Џони Еблен – Анатоли Токов – едногласна одлука (50–45, 49–46, 49–46)
Бренан Вард – Сабах Хомаси – ТКО (удар во глава и удари), Р2 (1:34)
Воведни борби:
Лоренц Ларкин – Мухамед Беркамов – КО (лакт), Р1 (1:41)
Хенри Коралес – Ахмед Магомедов – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Али Исаев – Стив Маури – нерешено (28–28, 28–28, 28–28)
Крис Гонзалес – Макс Роскопф – ТКО (удари), Р2 (1:22)
Грант Нил – Карл Албректсон – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Дијана Авсарагова – Алехандра Лара – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Никита Михаилов – Дарион Колдвел – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)