Големиот балкански семинар ја продожува мисијата на ширење на овие простори, па така од вчера се одржува во преубавта Будва во Црна Гора, а како домаќин се појавува мајсторот Ранко Вукотиќ.
Тројката Милан Ѓокиќ – Србија, Тони Петров – Бугарија и нашиот Зоран Пејов покажаа дел од своите вештини и знаеења пред каратистите од Будва. Денеска ќе продложи нивната мисија и како што истакнаа вчера „ја упатуваат пораката за мир на Балканот, а спортот да не поврзе сите за поголеми успеси“.
„Големиот балкански семинар во Црна Гора убаво тргна. Инструкторите беа мотивирани, а вежбачите одушевени. Сенсеи Зоран Пејов собра најмногу аплаузи и воодушевувања“, рече шихан Милан Ѓокиќ.