Големиот балкански карате семинар се враќа на сцената, почнува од Бугарија, наесен во Македонија

Големиот балкански карате семинар (ГБКС) повторно се враќа на сцената откако три години паузираше заради пандемијата на Ковид-19.

ГБКС семинар се одржува во четири држави Македонија, Бугарија, Србија и Црна Гора, предводен од инструкторите Зоран Пејов, Тони Петров, Милан Ѓокиќ и Ранко Вукотиќ.

Годинава ГБКС ќе стартува на 2 јуни од Софија, а наредниот ден продолжува во Кнеже, град близу до ромаската граница.

Потоа семинарот ќе се одржи и во другите држави, а во Македонија ќе биде наесен.

Поради вонредната состојба во Македонија во 2020 година ГБКС не се одржа, а беше планиран за 24 и 25 април. Сепак, семинарот во организација на сенсеи Зоран Пејов и Карате центар „Пејов“ што се одржа претходните две години во Скопје од сите мајстори беше прогласуван за најдобар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО