Големиот балкански карате семинар на 29 и 30 март во Скопје

Познато е се за „Големиот блакански карате семинар“ кој почнува на 26 и 27 март во Ниш, Србија, потоа се сели во Лесковац на 28 март, на 29 и 30-ти е во Скопје, а завршува во Софија на 31.

Семинарот ќе го предводат мајсторите Милан Ѓокиќ и Љубиша Шишкин од Србија, Зоран Пејов од Македонија и Тони Петров од Бугарија, како и идејниот творец на овој настан Стојан Стојанов (Франција/Македонија).

Во Скопје семинарот ќе се одржи во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Мајсторите ќе покажат интересни техники од начини на дишење како услов за сочувување на енергијата и свежината до карате џу џуцу итн.

Од друга страна, ова е можност да се продлабочат врските со Франција, посебно во обуката на младите каратисти за Олимпијдата во Париз 2024 година, како за карате спортот, така и за џиу џицуто.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON