Во Хрватска овие денови се дигна голема прашина по враќањето на боксерите од Лондон каде што учествуваа на Квалификациите за Олмписките игри во Токио 2020, а од таму не се вратија со некој позначаен резултат, но дома го донесоа опасниот вирус Ковид-19.
Меѓународниот олимписки комите, односно телото кое беше одредено за организација на квалификациите заради суспенизјата на АИБА (Светската боксерка асоцијација) одлучи да не ги откажува квалификациите во Лондон и борбата за Токио ја закажа сред пандемијата, а како мерки за заштита третиот ден ја заклучија салата за навивачите.
По неколку дена борби, од Меѓународниот олимписки комитет стигна наредба да се прекине натпреварувањето. Незадоволните боксери, заедно со останатите лица од Сојузите, се вратија во своите домови.
Хрватите во Загреб го донеле и коронавирусот, а тоа ја налути јавноста во Хрватска, која испрати критики поради неодговорноста на меѓународната федерација и организаторот во Лондон.
„Еден наш член е позитивен на коронавирус. А тоа значи дека најверојатно и јас сум заразен и останатите членови на репрезентацијата, што не е баш убаво чувство“, кажа Томо Кадиќ, еден од тренерите, кој бил во Лондон на квалификациите.
Тони Филипи е првиот хрватски спортист со коронавирус. Филипи е голема надеж на хрватскиот бокс. Првите два дена во самоизолација не му било ништо, но се тестирал и тетсот бил позитивен.