Голема македонска кикбокс експедиција ќе настапти на Балкан бест фајтерс во Ниш

Во Ниш викендов со одржува 10.Меѓународен кикбокс куп „Балкан бест фајтерс“ на кој ќе настапат 111 кикбоксери со 123 натпреварувачи влезови од 19 клуба од Македонија.
На Балкан бест фајтерс ќе настапат 248 кикбоксери со 265 натпреварувачки влезови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора.
„Ова ни е последен 13-ти меѓународен турнир годинава и се надевам дека ќе покажеме дека заслужуваме повеќе внимание како спорт, воедно и поголемо вреднување на нашите успеси“, изјави претседателот на КМФМ Дејан Митровски – Урко.

Од Македонија ќе настапат следните клубови:
Аждер 4 натпреварувачи
Будо –Кавадарци 11
Будо – Велес 9
Комбат 1
Енерџи 6 со 8 влезови
Гладијатор фајт 9 со 11 влезови
Гладијатор-Неготино 3
К1 арена 1
Куманово 2006 2
Лидер 5
Наско тим 4 со 6 влезови
Патриот спорт 2
Предатор 10 со 11 влезови
Прокик фемили 5 со 8 влезови
Работнички 10
Самурај 6
Шампион 18 со 20 влезови
Тетово 1
Тим Зоран 4



