Денес Македонската кик бокс маи таи федерација отпатува за Белград на Европскиот куп „Србија опен“ кој се одржува од 31 март до 2 април.
Нашата репрезентација е составена од 117 членови, 90 натпреварувачи и 27 тренери. Репрезентацијата ја предводи претседателот Дејан Митровски-Урко.
„Ваквите европски и светски купови се посетени од многу борци од европските земји и се добар тест да видиме до кај се подготвени нашите натпреварувачи, каде што стекнуваат нови искуства и рутина борејќи се со искусни борци“, изјави Митровски.