Голема боксерска ѕвезда му се закани на Усик

Една од најголемите боксерски ѕвезди Жилберто Рамирез (46-1, 30 КО) изјави дека сака да се бори со поранешниот светски шампион во тешка категорија, Александар Усик (22-0, 14 КО).

Поранешниот шампион во полутешка категорија го изјави следново: „Да, секако! Ја сакам оваа борба. Сега тој (Усик) е тешка категорија, но мислам дека може да се врати во пониската категорија. Па, ако не, можам сам да одам кај него. Ми се допаѓа неговиот стил. И тој е помал, но на крајот отиде кај најтешките. Се обидувам да одам по истиот пат. Генерално, ако за тоа треба да се искачам во тешка категорија, дефинитивно ќе го направам тоа“, изјави Мексиканецот за ИФЛ ТВ.

Потсетуваме дека Усик следната борба ќе ја одржи на 21 декември – во Саудиска Арабија ќе има реванш со Тајсон Фјури.

Самиот Рамирез има амбиции да стане легенда со освојување на светски титули во четирите најтешки професионални дивизии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО