Иван Крстевски (-59 кг) во јуниорска конкуренција го заблежа најголемиот успех на Г-1 турнирите во таеквондо на натпреварувач од македонски клуб. Тој на Г-1 турнорот во Грција го освои сребрениот медал, а Филип Додевски, Ана Марија Георгиевска и Мери Ацевска бронзени.
На овој турнир настапија најдобрите борци на селекциите и имаче неколку светски сампиони и олимписки медалисти.
Иван Крстевски извојува две победи над натпреварувачите од Грција и Албанија, а беше поразен во финалето од Молдавец. Филип Додевски во јуниорска конкуренција го освои бронзениот медал забележувајќи една победа, исто така и Ана Марија Георгиевска е со истиот учинок.
Забележителен настап имале и сениорот Костадин Георгиевски којво првото коло го совлада претставникот на Русија со 13-8, а втората борба ја откажал поради повреда, што, сепак, е остварување за почит на македонското таеквондо.
И Дејан Георгиевски и Марко Стевиќ се сретнаа со репрезентативци на Русија, иако имале одлични борби не успеале да победат.
Да потсетиме дека најдобар сениорски резултат на Г-1 турнир има натурализираната Македонка, Петра Матијашевиќ, којa пред три месеци во Турција го освои бронзениот медал.
Ipon.mk/В.Д.