Голем успех на ТКД Штип на „Корио опен“ – Љупче Михајлов прогласен за најдобар сениор

На Меѓународниот таеквондо турнир „Корио куп“ штипските таеквондисти, кои воедно тренираат и карате, имаа забележителен успех освојувајќи 12 медали – 4 златни, 2 сребрени и 4 бронзени, притоа Љупче Михајлов е прогласен за најдобар сениор на турнирот.

Медалите ги освоија:

Љупче Михајлов, Душица Бреслиева, Андреј Басаров и Максим Миленковиќ – златни;

Илијан Ампев и Максим Арсовски (син на тренерот Жарко Арсовски, кој покажа голема борбеност) – сребрени;

Павел Славков (деца), Марко Алексовски, Виктор Спасов и Драгана Ефтимовска бронзи.

Кадетската Паола Арсовска, гоплем талент, во тешка група загуби тесно 8-9.

„Радоста е гоелма бидејќи се уште сме почетници во овој спорт, а почнавме да победуваме“, вели тренерот Сашко Арсовски.

„Штипските теквондисти изненадија многу позитивно во олимпиското таеквондо кој многу кратко го вежбаат а веќе почнаа да победуваат и искусни натпреварувачи, па дури и репрезентативци од други држави. Реално, мислам дека ова е добар знак за штипското, пред се македонското теквондо. Јас и Жарко верувавме во добар почеток. Вложивме несебично многу и пари за опрема и многу посветена работа. И, еве, работата тргна со многу победи“, истакна Арсовски и додаде:

„Најбитно од се е прекрасната атмосфера во олимпиското теквондо. Забележавме добар однос кај сите тренери, реален спорт, бодови добиени на сензори. Пред се, бевме одлично примени од сите тренери, од претседателот Борче Костовски. И забележав дека со сласт ни ги кажуваат техниките, тактиките како да се дојде до победа, а кога победуваат нашите теквондисти се познава дека со сласт ни честитаа. Секоја чест за сите нив бидејќи на првиот натпревар во Охрид ни беше многу тешко и непознато. Респект за МТФ, за сите тренери и за претседателот.

За жал, така не е во нашиот матичен спорт каратето, има многу кавги, многу недоразбирања, нема радости за постигнувањата на каратистите. Едноставно, жално е да кажам за мојата федерација во која сум член близу 40 години, каде и како тренер и како селектор и како репрезентативец имам  резултати од големите светски и европски првенства, дека е заробена од лица кои карате спортот фиктивно го работат“.

Штипскиот теаквондо клуб покажа дека има иднина. Љупче Михајлов стана шампион на овој турнир и е прогласен за најдобар сениор на турнирот. Со златен медал се закити и нашата кадетка Душица Бреслиева која во финалето извојува маестрална победа над претставничката од Црна Гора со 10-9. Златен медал освои и Андреј Басаров со тешка борба во финалето. Андреј го издржа притисокот и извојува голема победа во финалето.

„Ние како тренери, јас и брат ми Сашко, сме задоволни од настапите на нашите теаквондисти. Времето работи за нив. На голема врата овој олимпсики спорт се пробива во Штип. Во иднина очекуваме и нови успеси“, изјави Жарко Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО