Македонската репрезентација, составена од „Д Стронгест-Мацедониа&рутс БЏЏ“ клубови од Скопје, Охрид, Прилеп и Битола, на Меѓународниот турнир „БЏЏ Ниш опен 2015“ освои 4 злтани, 9 сребрени и 8 бронзени медали, од кои еден сребрен медал е во екипна конкуренција.
На турнирот учествуваа над 200 натпреварувачи од Србија, Хрватска, Бугарија, Романија, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Според информациите од нашиот табор, 10 натпреварувачи имале огнено крштевање, зашто ова им било прв натпревар. Девојките посебно се истакнале, освоиле два златни медали и исто толку сребрени и бронзени.
Марина Петревска во категорија го освоила бронзениот медал, а во апсолутна категорија стигнала до златниот медал, совладувајќи ја противничката од која претходно, во тежинската категорија, загуби. Во финалето се сретна со претставничката од Битола. И Дијана Божиновска е со златен медал и добила награда – кимоно од светскиот бренд „Татами“.
4 златни медали (сите медали беа во категорија на бели појаси):
– Мартина Петревска во апсолутна категорија освои и една од главните награди – кимоно “Татами”;
– Дијана Божиновска – категорија;
– Катерина Николовска – категорија и
– Огнен Кузмановски – категорија
8 сребрени медали:
а) виолетови појаси
– Александар Јакимовски – категорија;
б) плави појаси
– Стефан Пецевски – 2 медали – апсолутна и во категорија;
– Никола Костадиновски – во категорија;
в) бели појаси
– Иван Милошев – категорија;
– Александра Јанкова – категорија;
– Ненад Ристевски – категорија;
– Диајана Божиновска – апсолутна.
а) виолетови појаси
– Александар Јакимовски – апсолутна;
б) бели појаси
– Мартина Петревска – категорија;
– Владимир Трајчевски – категорија;
– Катерина Николовска – категорија;
– Илија Спасевски – категорија;
– Митко Белески – категорија;
– Братислав Зарески – категорија;
ipon.mk/В.Д.