Изминатиов викенд во Пирот, Србија, се одржа семинар во реално аикидо предводен од Ана Врачаревиќ, на кој завидна улога имаше и нашиот аикидо мајстор Ѓуро Илиќ.
„Вистински тим, добра енергија, уште еден одличен семинар и дружење со драги луѓе“, напипша Врачаревиќ на својот ФБ профил.
На семинарот имаше учесници од Скопје, Битола, Лесковац, Ниш, Параќин, Пирот и Белград. Од нашите клубови настапија КРА Маруи, КРА Каизен од Скопје и КРА Пелситер од Битола.