Одлича заинтересираност за тренерскиот семинар со бокс легендата на југословенскиот и светскиот бокс Тадија Качар. На семинарот во Куманово присуствуваа 30-тина тренери што е околу 95 отсто македонскиот потенцијал.
Качар се задржал на подготовката на боксери и нивниот пристап на борбите, како и на нивната психолошка подготовка за борби.
Семинарот беше во организација на Боксерската федерација на Македонија.
Тадија Качар е освојуавач на сребрен медал на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, како и на светското сребро на СП 1978 година во Белград. Двапати е втор на Европските превенства во Киев 1974 и 1979 година во Келн. Освои златен медал на Медитеранските игри 1979 година во Сплит и златни медали од Балканските првенства во Бурса 1977 и 1981 година во Пула.