АктуелноДомашна сценаКарате

Голем интерес за карате турнирот „63 Ангели“ во Кочани

Од клубот велат дека се е подготвено, а во сабота очекуваат голема посетеност.

Владее голем интерес за учество на првиот Меѓународен карате турнир „63 Ангели“ што ќе се одржи на 28 февруари во Кочани а во организација Карате клубот „Партизан“.

Од клубот велат дека се е подготвено, а во сабота очекуваат голема посетеност.

Турнирот ќе се одржи во спортската сала на ООУ „Никола Карев“ со почеток во 10 часот.

Инаку, турнирот е во чест на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во Кочани..

Настанот ќе има хуманитарен карактер, а средствата собрани од котизацијата на учесниците ќе бидат наменети за лекување на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ и за семејствата настраданите.

Се очекува на турнирот во карате да учествуваат екипи од земјите од Балканот и од Европа, што ќе му даде меѓународна димензија на настанот и ќе ја пренесе пораката за солидарност и заедништво надвор од границите на државата.

Во Кочани не се одржал карате турнир од 1997 година кога се одржа Државното првенство, затоа овој настан е од големо значење за афирмација на карате спортот и можност јавно да се потенцира потенцијалот на кочанското карате.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON