Гокан Саки се враќа во Глори (ВИДЕО)

gokhan saki pojas

Во текот на преносот на Глори суперфајт серијата во Амстердам беше објавена одлична вест за организацијата.

Поранешниот светски шампион, Гокан Саки, ќе се врати во Глори 2016. На Турчинот му беше одземен појасот откако одби да го продолжи договорот со организацијата. „Бунтовник“ е насловот во полутешка категорија што го освои во април минатата година, победувајќи ги на турнирот во Истанбул, Натан Корбет и Тајрон Спонг. Се очекува дека повратничкиот меч може да го одработи во февруари.

По заминувањето од Глори, 32-годишниот Турчин во април во Дубаи со едногласна одлука го победи Себастијан Чобану.

Титула во категоријата до 95 килограми во моментов ја држи Бразилецот Сауло Кавалари.

Глори објави дека ќе организира реванш меѓу шампионот во средна категорија Артем Левин и Симон Маркус. Ова ќе биде трета нивната борба. Левин во октомври треба да ја брани титулата против Џо Шилинг, но го повреди лактот. Во меѓувреме Шилинг ја напушти Глори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО