Гого Славески во петок против Емануел Санчез оди на победа со нокаут

Гого  Славески на во петок се бори против Емануел Санчез кој досега има  13 борби и с еима борено против Џаред Хард кој ја држи светската супер титула на ИБФ во велтер категорија.

Мечот ќе се одржи во Роузмонт во Илиноис, САД, а на Славески ова му е трета професионална борба, при што забележа две победи во претходните два меча.

Горјан – Гого Славески одржа неколку спаринг тренинзи со светскиот првак Вили Монро Јуниор кој во сабота се ја брани титулата против Били Џо Сандерс.

„Ќе одам на нокаут, како и секогаш. Борбата е во 4 рунди, така што да нема многу време за тактизирање. Победата е неминовна“, изјави Славески.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON